11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
БИЗНИСИЗБОР

Регулаторна донесе одлука: Ова се цените на горивата кои ќе важат следните 7 дена

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29 % во однос на Одлуката од 17.10.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.10.2021 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,633 денар/килограм и сега ќе изнесува 42,377 ден/кг.

Од 26.10.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 78,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 42,377 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 1,040%, кај дизелот за 0,304 %, кај екстра лесното масло за 0,357 % и кај мазутот за 0,402 %.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,454 % .

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 26.10.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 19.10.2021) се дадени во табела на веб страната на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ www.erc.org.mk.

Спонзорирано: