11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Голем граѓански собир: Обединувањето е клуч за сите успеси, да се обединиме за Петре Шилегов, човекот кој го разбира градот и неговата сложеност

На денешниот големиот собир со граѓаните на Скопје, пред пруситните се обратија советничката на СДСМ и коалицијата во советот на град Скопје атлетичарката Дрита Исљами, актерот Дениз Абдула и музичарот Мирко Попов.

Дрита Исљами побара од граѓаните поддршка и обединување како клуч за сите успеси, бидејќи градоначалникот е еден, но зад него е неговиот тим, зад него стојат граѓаните.

Сарај и Скопје се мојот дом. Драго ми е што тој мој дом овие четири години постојано се развива и разубавува, а сето тоа благодарение на Петре Шилегов, каде и да отидам низ светот со гордост кажувам дека мојот град, моето Скопје, прераснува во вистинска метропола. убедена сум дека тоа ќе продолжи и во следните четири години, порача Исљами.

Актерот Дениз Абдула, како скопјанец и чаирчанец направи споредба со неговото маало, каде, како што наведе се случи најголемата промена во изминатите 4 години.

Ние добро знаеме како изгледаше Чаир, односно левата страна на Вардар пред градоначалникот Петре Шилегов. Многу добро се сеќаваме на конфликтите меѓу средношколците по автобусите и пред средните училишта, сообраќајниот хаос на Цветан Димов, на неосветлените и запустени јавни површини, паркови и игралишта за најмладите, истакна Абдула, додавајќи дека денес Чаир, благодарение на градската администрација предводена од градоначалникот Петре Шилегов, човекот кој го разбира градот и неговата сложеност, изгледа сосема поинаку.

Со нови булевари, нови улици, кружни текови, одржувани тревнци, вело патекки кои овозможуваат брз пристап од една точка на градот до друга и насмеани лица на децата и возрасните кои жив доказ дека кога на една заедница ќе и дадеш за прв пат, нешто вредно и убаво, таа знае како да се грижи за тоа и да го негува, порача Абдула.

Тој додаде дека порано културата ја разбираа како споменици, фонтани, гипс картон, мермер, кој сега се распаѓа, а денес се слави живата култура, нагласувајќи дека за време на пандемијата, Скопје, раководен од Шилегов беше првиот град кој ја адаптираше својата културна програма за над 200 невработени културни работници да работат.

Ако го сакаме Скопје, изборот е само еден, а тоа е градоначалникот Петре Шилегов, порача актерот Дениз Абдула.

Музичарот Мирко Попов како алтернативен, прогресивен културен работник нагласи дека ја дава својата поддршка за кандидатот за градоначалник на СДСМ и Коалицијата Петре Шилегов, како еден од ретките кој има слух, трпение и има доблест да разговара со сите луѓе па и на оние што се на маргините.

Шилегов е првиот градоначалник, кој навистина се занимава со она што им е важно на Скопјани, улици, инфраструктура, пешачки патеки велосипедски патеки, кој поправа улици од другата страна на Вардар, бидејќи целиот град треба да биде убав, добар и функционален град за граѓаните и овде сум да го поддржам да продолжи да ја прави добрата работа што ја прави, за добро на градот, за мое добро, порача Попов.

Спонзорирано: