Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев од Битола: Граѓанскиот глас е совест на општеството, да се обединиме во името на иднината на Битола и државата

Претседателот на СДСМ вечерва во Битола се сретна со претставници на граѓанскиот сектор, со граѓански активисти и општественици од овој град, каде со присутните разговараше за повеќе актуелни теми од интерес за битолчани.

„Пред четири години државата беше заробена, изолирана, а критичката мисла беше загрозена и често пати погазувана од страна на власта. Ние за четири години направивме целосна трансформација. Државата ја вративме на вистинскиот колосек, ги отворивме институциите за граѓаните, политиките ги градевме заедно со граѓанскиот со невладиниот сектор. Од држава во која се молчеше и шепотеше, денес сме држава во која гласно се зборува, држава со најтранспарентна влада во регионот и најбезбедна држава на Западен Балкан. И тоа се само дел од успесите што ги постигнавме заедно со вас, граѓаните“, порача Заев.

Претседателот Заев од граѓаните побара поддршка на 31 октомври за Општина Битола, но и државата да продолжат по вистинскиот, исправниот пат.

„Во име на се што постигнавме досега, сакам да пратам порака на заедничко делување, бидејќи постои ризик земјата да ни се врати назад, во огромна неизвесност и криза. И граѓанскиот сектор и стопанството досега имаа можност да се увери дека знаеме да слушаме, дека знаеме да постапуваме по она што ни го укажувате и во име на досега сработеното за Битола, имаме право денес од вас да ја бараме вашата поддршка. Граѓанскиот глас е совест на општеството, да се обединиме во името на иднината на Битола и државата. Да се обединиме и да гласаме да продолжи унапредувањето на слободата и демократијата, да продолжи да го негуваме концептот „Едно општество за сите“, да гласаме да продолжиме по заедничкиот пат, по правиот пат на напредокот, наместо да се враќаме назад во изолацијата и поделбите“, посочи претседателот Заев.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: И во април 2026 ќе има линеарно зголемување на пензиите со тоа се намалува „џини-коефициентот“ и сиромаштијата кај оваа група граѓани

ДЕСК

Ужас во Скопје: Двегодишно дете со прострелна рана во главата донесено на интензивна – се бори за живот

ДЕСК

Крвав инцидент среде Скопје за новогодишната ноќ: Еден загинат, еден тешко повреден

ДЕСК