8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Со Шилегов се запре барокот, загадувањето и корупцијата во Скопје

Повеќе пати кажавме дека резултатите од првиот не се во рамките на нашите очекувања, но работата е далеку од лоша или изгубена како што спомена од опозицијата. Ние имаме водство во 25 општини за вториот круг, имам веќе освоено 9 градоначалнички места, рече секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во гостувањето на дебата на Алсат Телевизија.

Според него, раководството на партијата е секој ден меѓу граѓаните и дека разговараат и за грешките и за тоа што може да се направи во наредниот период. 

-Веруваме дека од овие денови работите на терен се менуваат, пораката е прифатена. Работиме на максимална мобилизација на членството и симпатизерите на нашата партија, но и на сите слободоумни граѓани. На сите им е јасно дека е многу важно сега во вториот круг секој да излезе и да даде поддршка на прогресивната сила, на прогресивната коалиција, на коалицијата која се обединува да не застанеме тука и да не се враќаме назад, потенцираше Маричиќ.

Тој посочи дека со Петре Шилегов се запре времето на барок загадувањетои и корупцијата, а владејачката партија во вториот круг влегува со предност во 25 општини и дека е уверен во обединувањето на сите прогресивни граѓани во земјава. 

Според Маричиќ, тоа што се случува на терен изминативе денови е промена во расположението кои граѓани, кои во вториот круг ќе ја поддржат СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Со мопед удрил во паркирано рено, младо момче повредено

ДЕСК

Министерот Тошковски на отворањето на Adria Security Summit 2025: Безбедноста е темел на довербата, развојот и квалитетот на живот

ДЕСК

Филипче: Власта создава економски хаос, над 700 милиони евра долг кон фирмите

ДЕСК