Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Најчевска: Која е промената кај ВМРО-ДПМНЕ за повторно да биде на власт?

Дали мислите дека доколку дојде на власт ВМРО ДПМНЕ олицетворено во Данела, ќе ги тргне спомениците од Скопје 2014. Дали Левица смета на тоа во договорот за коалиција со ВМРО ДПМНЕ?, пишува на својот фејсбук профил, професорката Мирјана Најчевска.

„Кој дел од барањата на Шарената револуција ќе ги исполни ВМРО ДПМНЕ доколку дојде на власт? Која од грешките направени во време на своето владеење ВМРО ДПМНЕ ја препозна како грешка?“, прашува Најчевска.

Професорката укажува дека прашањата се однесуваат за истите оние поради кои „се акало по улици“.

„Која е таа битна промена која е направена во самото ВМРО ДПМНЕ за во било кој момент да посакам повторно да биде на власт?“, заклучува Најчевска.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +