Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Гир: Европската комисија очекува прва Меѓувладина конференција до крајот на годинава

Извештајот доаѓа во контекст на неодамнешниот Самит на Европската Унија за Западен Балкан, каде се даде недвосмислена поддршка за европерспективата на регионот, кажа евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир.

Според Извештајот, како што рече, земјата продолжува да ги исполнува условите за почеток на преговори и е важно што државата одржува постојан чекор за реформите.

„Важен е е еланот во овие реформи, особено во делот на борбата против корупцијата. Извештајот покажува до 96% усогласеност со надворешно-безбедносната политика на Унијата, изјави Гир.

Според него во однос на почетокот на преговорите, било потврдено дека одложувањето на преговорите има негативно влијание за кредибилитетот на ЕУ.

„Прашањата меѓу Северна Македонија и Бугарија треба да се решат и се нагласува продолжувањето на имплементациите на договорите со Бугарија и Грција. Комисијата исто така вели дека во согласност со заклучоците ЕК ја чека првата меѓувладина конференција пред крајот на годината“, додаде Гир.

Презентирајќи ги заклучоците од Извештајот потенцира дека иако е постигнат умерен напредок треба да се донесат клучни закони од областа на правосудството, да продолжат напорите за јакнење на Државната комисија за спречување корупција, но и да се имплементираат препораките на ОБСЕ/ОДИХР во областа на изборното законодавство.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО: МВР објави фотографија од лицето кое ограби неколку Филијали за брзи кредити

ДЕСК

Пронајдена автоматска пушка во автомобил марка ауди, лишени од слобода две лица

ДЕСК

Минчев направил лапсус, техничка грешка во изразувањето: Министерството за администрација тврди дека нема да има нов закон за јазиците, туку за правична застапеност

ДЕСК