Во 12.45 во СВР Скопје било пријавено дека дошло до прекин на гласањето на гласачкото место 2732 – градинка Лавче – Горно Лисиче, бидејки Р.И.(80) од Скопје поради недоразбирање го скинала ливчето за гласање. Од страна на избирачкиот одбор изготвен е записник и по документирање на настанот гласањето во 13.18 часот продолжило.
Во 13.00 часот во СВР Скопје, М.П. – претседател на гласачко место 2662 на ул.„Антон Попов“ пријавила дека околу 12.45 часот М.П.(36) при остварување на право на глас од четири ливчиња, само едно ставил во гласачка кутија, додека другите ги скинал и ги оставил на пулт за гласање. Известен е полицискиот службеник, по што лицето е лишено од слобода и приведено во Полициска станица. По извршени консултации со Јавен обвинител, утврдено е дека постојат основи на сомнение за извршено кривично дело по чл.164 став 1 од Кривичниот законик – „уништување на изборен материјал“.
Во 12.50 часот во СВР Куманово, Б.Д. – претседателка на ОИК Куманово пријавила дека кандидат за градоначалник на Куманово кај нив пријавил дека во основно училиште „Кочо Рацин“ едно лице фотографирало гласачи кои го остварувале своето право на глас. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во 13.10 часот во СВР Куманово, А.Д. – претседател на избирачки одбор на избирачко место 1149 во с.Клечовце, општина Старо Нагоричане, пријавил дека во близина на гласачкото место имало штаб на политичка партија на кој имало излепено рекламен материјал од политичката партија и дека пред штабот имало поголема група на граѓани кои агитираат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.10.2021 околу 11.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека 49-годишниот И.К. од гостиварска Лакавица во угостителски објект во близина на селскиот мост физички бил нападнат од две лица. Според пријавеното, едниот напаѓач извадил остар предмет но не го употребил. Двајцата напаѓачи се идентификувани и се преземаат мерки за расчистување на случајот.