Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кривична пријава против две лица од Кочани за “повреда на слободата на определување на гласачите”

ОВР Кочани до надлежното ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против Р.А. (54) и Б.Ш. (46) од Кочани поради основано сомнение дека сториле кривични дела “повреда на слободата на определување на гласачите” по чл. 160 ст.1 в.в.член 19 од КЗ. По претходна пријава, преземени се мерки од страна на полициски службеници од ОВР Кочани за расчистување на случајот. Утврдено е дека во периодот од 08.10.2021 до 15.10.2021 година во повеќе наврати Р.А. и Б.Ш. со намера да ги спречат да си го извршат избирачко право, им се заканувале на А.Д., С. Д., А.И. и З.М., сите од Кочани дека ќе бидат избркани од работа и ќе им бидат одземени други права доколку излезат на гласање и гласаат за партијата чии симпатизери се.

Осомничените лица се пронајдени и повикани во ОВР Кочани, извршени се консултации со Дежурен ОЈО Кочани и против двајцата е поднесена кривична пријава до ОЈО Кочани.

Можеби ќе ве интересира

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК