„Граѓаните заслужуваат да го добијат најдоброто. Не само Битола. Струмица, Куманово, Центар, Карпош, Кочани, многу градови, затоа што, прво не може да очекувате Битола да се развива со исто темпо на развој како руралните општини, околу Битола на пример. Не дека ги потценувам, но потенцијалот на развој мора да биде поголем. Изборите се избори на личности, и ако не им го понудите на граѓаните најдоброто, може да очекувате тие да ве поддржат како политичка партија, но апсолутно да гласаат сосема спротивно заради тоа што бираат родители на градот, татко, мајка. Значи тоа е многу важно.“-истакна вечерва во политичкиот магазин на ТВ Тера „Директно“ претседателот на СДСМ и премиер на Република Северна Македонија, Зоран Заев.
Тој рече дека Битола ја личи да се натпреварува со Скопје.
„Битола е сериозна работа. И затоа мислиме дека менаџментот во Битола ќе донесе многу. Посебно од луѓе растеретени од финансиски аспекти, кои веќе создале за себе да можат да се посветат. Ова го црпам и од мое искуство и од се.“-рече Заев.
Запрашан за работењето на градоначалничката Наташа Петровска Заев рече: „Наташа Петровска наспроти претходниот градоначалник Талески, правете ја паралелата 13 милиони евра долг. Наташа ги врати долговите, ги стабилизира не само општината, комуналните претпријатија, основните и средните школи, детските градинки, се што е под општината. И создаде еден резервоар, капацитетност огромна за Битола.“-рече Заев.
„Наташа секојпат плаќала навреме, секојпат ја ставала посебно од 2019 година, од почетокот, прво ги решаваше долговите. Крајот на 2017 и 2018 беа години на стабилизирање на општините, но две и пол години испорачуваше дефинитивно. Навистина може да одиме едно ниво повеќе. Прво, јас сум ги дал сите мои комплименти и суперлативи. Но на крајот ние се водиме од тоа што граѓаните го очекуваат. Голема почит и поддршка за Наташа, таа секако ќе биде дел од нашиот тим во иднина затоа што има одлично административно искуство сега стекнато, не само политичко кое што го има, но менаџментот кој што може да го покаже Кондовски уште еднаш одговорно тврдам, растеретеност од финансиските аспекти.“-додаде Заев.
На прашањето како го запознал Кондовски Заев рече: „Јас го запознав низ истражувањата, низ анкетите. Јас со Христо Кондовски сум имал состанок на коморите, на состаноците со бизнисмените, тогаш имав состанок, имав состанок кога беше кандидат за секретар во партијата. Заедно во тим го победи Васко Ковачевски со неговиот тим во тоа време, тој изгуби, но продолжи со неговата социјал-демократска кауза. Човекот е бизнисмен, ориентиран во приватниот сектор, создадено од него, не од татко му, создал од нула, важи за пример на емпатија и солидарност за луѓето. Помагал, не само во спортот, еве стои зад Пелистер во моментот, го помагал ракометот, помагал лекување на луѓе, помагал други социјални потреби на луѓето. Тоа е многу важно да го имате во некој што се кандидира за татко на градот кога ја има таа емпатија со сите менаџерски способности. Јас сум убеден. Битолчаните вие си ја сакате Битола, верувајте ние имаме одговорност кон Битола. Ја сакаме, може да расте со динамично темпо, и мора да блеска пред другите градови, посебно во четирите години пред нас. Неповторлив период во кој мораме со максимум добра програма, со максимум добри градоначалници, со максимум добри советници да ги максимизираме ефектите. Работиме ние на централно ниво. Ако општините не се движат како што треба, тогаш половичен ќе е успехот. Сега ги имаме постулатите за заедно да се движиме позитивно.“-рече Заев.