Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка среде Скопје: Автомобил се заби во споменикот на Свети Климент Охридскки – има повредени

Тешка сообраќајка синоќа се случи во Скопје, кај Соборниот храм, во близина на крстосницата меѓу Партизанска и Климент Охридски.

Според информациите во несреќата учествувале неколку возила, а едно од нив се забило во споменикот на Свети Климент Охридски, а на тоа возило се активирале и воздушните перничиња од силината на ударот.

Неофицијално се дознава дека има повредени, меѓу кои и момче на 20тина години кое завршило со тешки повреди.

На лице место дошла полиција, брза помош.

Несреќата се случи во услови на дождливо време, кога улиците беа лизгави.

*фотографијата е илустративна

Можеби ќе ве интересира

Температури до 33°C и невреме! Синоптичарите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК

Драма во пехчевско село: Петгодишно дете тешко повредено по удар од електричен тротинет

ДЕСК

Вознемирувачки случај во Драчево: Зрно од огнено оружје завршило во двор од куќа

ДЕСК