Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шабани: Успешно продолжуваме со Еразмус+ програмата, младите да ги искористат можноститете за меѓународна мобилност како влог во квалитетно образование

Европската програма Еразмус+ беше и ќе биде една од најуспешните приказни за нас. Северна Македонија е активен учесник во програмата на студентска мобилност, а тоа што ја издвојува од другите држави во регионот е што уште од самиот почеток има статус на програмска земја и е на еднакво рамниште со останатите земји-членки на Европската унија, рече заменик министерот за образование и наука Арафат Шабани на вебинарот на кој се дебатираше за програмите, приоритетите и новостите поврзани со новиот циклус на Еразмус програмата, за периодот 2021-2027 година.

Министерството за образование и наука, како Национален авторитет за Еразмус+ од почетокот е важна потпора на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и како резултат на тоа е и досегашното успешно спроведување на Програмата.

„Во периодот што е пред нас очекуваме акцентот во делот на интернационализација во високо образование да биде ставен на постулатите за дигитализација, зелена агенда, вработување, инклузија и соработка со соседните држави, меѓународни мастер акредитирани програми, интензивни курсеви за студентите, тековно користење на Европските образовни платформи како и на вклучување во студирање и наставни ангажмани во државите од Западен Балкан, источно-европското партнерство, Азија, Северна и Јужна Америка“, посочи Шабани.

Вложувањето во образование е најдобрата инвестиција за иднината на една земја, потенцираше заменик министерот и токму затоа стремежите на Министерството се насочени кон реформи во образованието кои значат инвестиции во младите и во човечкиот капитал, и тие секогаш треба да бележат нагорна линија. При тоа, од големо значење е и квалитетот на кадрите на институциите и желбата на професорите и студентите за достигнување на максимумот кој го нуди високото образование.

Шабани нагласи дека токму учеството во Еразмус+ програмата е една од можностите за подигнување на квалитетот на високото образование. Она што како држава треба да го направиеме, е да ја искористиме како можност за зголемување на ефектите од меѓународната соработка и од размената на искуства.

Во дебатата во рамките на Еразмус деновите учествуваа и претставниците на универзитетите Св. Климент Охридски од Битола, Американ Колеџ од Скопје и на Универитетот на Југоисточна Европа.

Можеби ќе ве интересира

Претседателот Гаши на средба со претставници на ДИК

ДЕСК

Ако ги направиме уставните измени ќе бидеме најдобри, ќе бидеме шампиони па ќе добиеме ново вето – порача Мицкоски

ДЕСК

Годишна конференција за здравство: „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“

ДЕСК