Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Претрес во Битола, пронајдени дрога и оружје

На 14.10.2021 полициски службеници од полициска станица Битола го лишиле од слобода К.Н.(67) од Битола. При претрес на дом и други простории на ул.„Илинденска“ во Битола, биле пронајдени и одземени марихуана, таблетки, две ловни пушки, пиштол и куршуми.

По документирање на случајот, по насока на Јавен обвинител, против него ќе биде поднесен поднесок поради основано сомнение за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 и за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, по член 396 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

ВЛАЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ДУВА И СИЛЕН ВЕТЕР: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Грабеж во центарот на Скопје: Малолетно девојче ограбено на автобуска постојка во најголемите гужви, арамија и’ го зело телефонот

ДЕСК

Серија физички пресметки низ угостителски и други места низ Скопје – во еден случај маж бил удиран со кундак од пиштол

ДЕСК