Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МВР потврди: Приведено лице за давање поткуп за гласови во општина Лозово

На 15.10.2021 во 17.30 часот во с. Милино, општина Лозово полициски службеници од ОВР Свети Николе го приведоа Б.А.(50) од с. Милино, по претходно добиени оперативни сознанија дека врши поткуп во врска со претстојните локални избори, при што давал и нудел пари, а лицата кои добивале пари се потпишувале на документ дека примиле пари, соопшти МВР, како што претходно објави Centar.mk.

– Лицето е лишено од слобода по член 162 ст.1 и 2 вв ст 3 „поткуп при избори и гласање“ и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, се вели во информацијата на МВР.

Можеби ќе ве интересира

До крајот на работната недела сонце, а потоа промена на времето – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Агресивно се однесувал кон полицајци – веднаш е приведен

ДЕСК

Отишол во полиција и побарал да му извадат уште една возачка дозвола – еве што му се случило потоа

ДЕСК