Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Заев од Гостивар: Обезбедивме раст на платите и пензиите и додека ги решававме најкрупните прашања и се боревме со пандемијата

„Додека ги решававме најкрупните прашња, за време на референдум, за време на уставни промени, претседателски избори, парламентарни избори, повеќе од 20 месеци коронакриза, сепак ги подигнавме платите, 300 отсто ја зголемивме социјалната помош, ја покривме дупката во пензискиот фонд и од 1 јануари пензиите ќе растат заедно со платите“ кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на трибината „Најдоброто за мојата општина“ во Гостивар.

Тој додаде дека во овие четири години Владата беше исправена и пред национализмот од двете страни – и од ВМРО-ДПМНЕ и од Алијансата за Албанците, но сепак со храбри одлуки и политики сега сме пример за соживот и едно општество за сите.

„Станавме членка на НАТО и сега имаме траен мир, стабилност, сигурност, безбедност и можности за економијата. Благодарен сум на Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите, Бошњаците за разбирањето кон Македонците, солидарноста и поддршката да го сочуваме македонскиот идентитет и јазик. Денес сме држава со признаен македонски јазик и идентитет. Успеавме да го исполниме аманетот на комитите, на партизаните, да имаме своја земја признаена од целиот свет“ кажа Заев.

Тој додаде дека Владата во последните четири години ги покачи платите во здравството, на учителите и наставниците, на негувателите и воспитувачите во градинките, на културните работници, во полицијата и армијата.

Можеби ќе ве интересира

Охрид во солзи: Во несреќа загина 28 годишниот охридски фотограф Кристијан Љушев

ДЕСК

Метеоролозите објавија повеќедневна прогноза – Какво време да очекуваме до крајот на оваа седмица?

ДЕСК

Меѓународна потерница по Саит Саитов, лицето кое прегази жена во Скопје, избега од местото на настанот и ја напушти државата

ДЕСК