Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен шверцер на мигранти кај село Богородица

Скопјанец е фатен како со возило превезувал мигранти од Куба.

З. Љ. (42) од Скопје, синоќа, на влезот за с. Богородица, Гевгелиско, бил фатен од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица. При контрола во возилото „пежо“, кое го управувал, биле пронајдени три лица мигранти од Куба – Л. М. Л. (39), Р. Р. Д. (31) и еден малолетник.

За настанот бил запознаен јавен обвинител, а мигрантите биле спроведени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. З. Љ. бил приведен и предаден во Полициската станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НЕВРЕМЕ СО СИЛЕН ВЕТЕР, ПОРОЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК