Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Матески од Гостивар: Ќе формираме локален младински совет, Гостивар мора да биде град во кој младите ќе градат иднина

„Гостивар мора да биде град во кој младите ќе градат иднина, тоа им го должиме на младите. Нашата општина во моментов е единствениот орган во државата кој нема назначено службеник за млади. Веднаш по формирањето на советот, нашата советничка група ќе иницира избор на службеник и формирање на локален младински совет“ кажа Станиша Матески, носител на советничката листа за општина Гостивар од СДСМ и коалицијата на трибината „Најдоброто за мојата општина“ во Гостивар.

„Службеникот за млади ќе биде сервис за сите прашања во интерес на младите, согласно Законот за млади. А во локалниот младински совет со финансиска поддршка, младите ќе можат да ги реализираат своите едукативни и културни активности“ кажа Матески.

Тој додаде дека еден од главните проблеми во Гостивар е борбата за чист воздух и здрава животна средина, бидејќи маглата и смогот се глетка која секое утро ги дочекува гостиварчани, но и глетка со која заспиваат секоја вечер.

„Според извештаите, оваа година Гостивар најмалку одвоила за Русино во споредба со пред две години. Жителите на Гостивар се граѓани кои плаќаат најголеми давачки за отпад, а за возврат добиваат големо ништо“ кажа Матески.

Тој најави дека советничката листа на СДСМ ќе продолжи да се залага и да работи за нов модел на отворена и услужна локална самоуправа со цел една општина за сите и Гостивар да биде чист, уреден, разеленет, модерен, современ и европски.

Можеби ќе ве интересира

Инцидент како на филм во Македонија: Го пресретнале додека возел и му го блокирале патот, па потоа вооружени лица излеглe и му го демолиралe возилото

ДЕСК

46 годишна жена нападната од 38 годишна скопјанка – причината банална: недоразбирање во сообраќајот

ДЕСК

Тежок инцидент пред угостителски објект во Скопје: Рането 16 годишно дете

ДЕСК