28. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Илиевски на дебата на ТВ Плус: Отворена Општина за сите, младите да се вработуваат во приватниот сектор за повисоки плати

Вечерва, на предизборно соочување на кандидатите за градоначалник на Куманово на ТВ Плус, кандидатот на СДСМ Оливер Илиевски истакна дека општината мора биде отворена кон сите, да служи на сите, а не само на блиските луѓе на градоначалникот на кои треба да им се заврши работа.
Воедно, кандидатот на СДСМ Илиевски потенцираше дека Општината е таа која може да овозможи чиста животна средина, да обезбеди дозволи за градба, развој на индустриските зони, развојна економија во која младите ќе се интегрираат во приватниот сектор, наместо да работат во јавниот сектор.

Општината да служи на сите, да не бидете близок на граодначалникот да завршите некоја работа. Ние ќе воведеме отворена општина, дигитализрана.

„Ќе вработуваме млади кои ќе работат за повисока плата, со тоа ќе бележиме и раст на животен стандард, во економијат тоа се вика мултипликатор, колку пари повеќе земаат граѓаните, толку повеќе се развива градот.„

Можеби ќе ве интересира

Физички го нападнале и го удирале со боксови и клоци по целото тело и глава – детали за убиството во Кавадарци

ДЕСК

Денес е неработен, а веќе следниот месец следува продолжен викенд – Еве ги преостанатите празници до крајот на 2025

ДЕСК

Спречен обид за криумчарење препарати за заштита на растенија преку ГП Меџитлија

ДЕСК