25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Сашко Николов: Штип ќе го шириме во модерна и убава европска општина

Сашко Николов, актуелен градоначалник на Штип и кандидат за нов мандат од колаицијата СДСМ е задоволен што за само девет мсеци откако ја има преземено функцијата градоначалник на Штип реализирале 70 % од програмата што ја имаат изготвено.

„Јас сум горд што надвор од таа програма реализиравме уште многу проекти кои дојдоа како барња од страна на граѓаните, проекти кои тие ги сметале за приоритет. Така што реализиравме реконструкции на улици и сокачиња, тротоарни решенија, водовои и канализации. На тој начин создадовме принцип гласот на граѓаните да биде наш приоритет и нивните барања да ги решаваме веднаш во наредните пет до седум дена, истакна Николов.

Воовој период рече Николов ги реорганизиравме двете јавни претпријатија да функционираат како едно. Во однос на јавната администрација пак спроведовме контрола за да нема забошотување на работното место.

Надвор од ова се и крупните проекти кои бараат поголема организација во однос на урбанизам, сообраќајни решенија и инфрастрктура, но кои ги решивме со успех.

Во однос на главното прашање, а тоа е Генералниот урбанистички план Сашко Николов рече дека тој проблем е решен, а тоа е да е нацртан и дека е пуштен на одобрување од катастар и од Министерство за транспорт и врски. Тој очекува дека во ноември Штип ќе добие нов ГУП според кој ќе се направи и ДУП-от и на тој начин вели Николов „ќе го шириме градот во убава европска општина“.
Не заборавајте дека јас не сум четири години туку само девет месеци градоначалник од кои три месеци градежната сезона е затворена..
Суштински проблем за Штип во наредниот период ќе биде решавање на водоснабдувањето. Ние во изминаттиот период донесовма чиста потка планинска вода класа еден од системот Злетовица, но треба да се поработи таа вода да стигне до нашите граѓани.