13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Поскапено е се’ во продавниците

Додека џебовите на власта се полнат, брутално се осиромашува народот, истата таа власт која се богати, го осиромашува народот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во обраќањето на вечерашниот митинг во Крива Паланка.

Тој тврди дека државата влегува во инфлаторна спирала, цените на сите производи одат нагоре, поскапено е се во продавниците, брашното, лебот, зејтинот, бензините. Мицкоски посочи дека ни претстои и нова енергетска криза.

Според него суштината е во тоа што власта троши пари на народот.

„Вчера Македонија повлече струја од системот во регионот повеќе од што може да покрие, а информациите се дека телефонот од Брисел е дебело вжештен затоа што гледаат дека владата не умее правилно да менаџира со ресурсите во енергетиката. Тие 50 милиони евра од увоз на јаглен нема да ги плати Заев, ниту Љупче Путерот, туку ќе ги платат граѓаните на Македонија. А, може само батето да заработи, се знае кој е батето“, кажа Мицкоски.

Спонзорирано: