Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Николовски и Илиевски на средба со бизнис сектор од Куманово: Заедно да ги унапредиме индустриските зони, за повисоки плати и развиена локална економија

Денеска Оливер Илиевски кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово заедно со вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски остварија средба со претставници на бизнис секторот во Куманово, на којашто разговараа за идните можности за развој на локалната економија.

Николовски истакна “приватниот сектор има важна улога во создавањето на работните места и приходите за граѓаните, тој е еден од двигателите на македонската економија.” Илиевски потенцираше дека само во соработка со централната власт може да се решат проблемите во индустриските зони и да се трансформира Куманово во место привлечно за домашни и странски инвестиции.

“Само соработка и обезбедување на финансии од локално и централно ниво ќе допринесат за подобрување на условите за понатамошен развој на локалната економија.”

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Дожд и снег со локално над 50 l/m² – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК