Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Криминалците од групата Беланоца завршија зад решетки во Шутка

Од синоќа во притвор во истражниот затвор во Шуто Оризари се уште два члена на криминалната група Беланоца.

По спектакуларното апсење на Мали Репки и постојаниот притисок од полицијата, дознаваме дека во текот на минатата ноќ во полициската станица Гази Баба се предале уште два члена на оваа криминална група – Зулфи Елезовски (33) и Фатљум Аети (36), кои според нашите извори, се предале откако биле притиснати од полицијата, која периодов спроведувала опсежни мерки за нивно апсење.

Веќе пишувавме за спектакуларното апсење на почетокот на октомври на познатиот криминалец Мали Репки од Батинци, кој го тероризираше населението во скопскиот и кумановскиот регион. Тој беше уапсен од специјалците на МВР во координација со АНБ во месноста Лавчани на територија на Велес.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Дожд и снег со локално над 50 l/m² – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК