Убавиата на овие избори е дека се гововри за многу проекти, истакна Зоран Заев во интервју за Сител.
„Доловивме колку се важни општините за секојдневниот живот на граѓаните па според тоа важно е какви луѓе ќе ги водат општините и какви програми ќе се реализираат во наредниот четири годишен период. Оттаму можам да кажам дека овие избори се избори на личности и на програми.
„Нема дилема дека овие четири години го претставивме подорото од претходното.
Општните со подршка на централната власт која е ориентирана кон подршка на локалната власт, ќе реализираат уште повеќе проекти“.
Тој потсети дека за време на кампањата поминале 650 села во државата и 34 градови заедно со градот Скопје и виделе дека се реализирани голем број проекти.
„Факт е дека реализиравме 7000 проекти од кои 680 во населени места, па видливо е и задоволствот кај луѓето“ изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервју за Сител.
На крајот Заев ом порача на сите идни градоначалници да си го сакаат својот народ и да ја прифатат и честа, но и одговорноста што граѓанте има ја даваат на изборите, да му служат на народот, а не да владеат со него и внимателно да ги слушаат граѓаните и нивните потреби, да бидат фер и правични кон сите.
Да слушаат од граѓаните што е нивниот приоритет, а на од администрацијата или само од своето видување за тоа.