Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Заев од Прилеп: Ако пред 80 години патриотизам беше да се земе пушка, денес патриотизам е борба за подобар економски стандард

„Ако пред 80 години патриотиза мбеше да се земе пушка во рака и да се води борба против окупаторот, денес патриотизам е да се креираат мерки и да се води борба со невработеноста и бораба за подобар економски стнадард“ кажа премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев на граѓанскиот митинг во Прилеп.

„Ако пред 80 години визијата беше слободна, еднаквост и правда, денес визијата се нови работни места, повиски плати и пензии и поразвиени општини, бидејќи слободата, демократијата, правдата и еднаквоста се наше секојдневие благодарение на борбата на нашите предци“ кажа Заев.

Тој додаде дека нашата генерација, генерацијата пред нас, но и генерациите после нас им должат многу на партизаните и луѓето кои се кренале прптив фашистичкиот окупатор и донесоа слобода.

Претседателот на СДСМ додаде дека на 17 октомври, граѓаните на Прилеп, но и на целата земја, имаат лесна задача да гласаат за бројот на 12 и СДСМ и коалицијата, за да не се дозволи враќање во минатото.

Можеби ќе ве интересира

Два нови пилоти завршија обука во Шпанија за гаснење пожари, се приклучуваат на ДЗС

C +

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +