Задоволство е кога ќе ги поминете сите 650 села во државата и сите 34 градови заедно со градот Скопје и ќе видите дека насекаде реализирани голем број проекти, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев во интервју за Сител Телевизија.
„Реализиравме над 7.000 проекти во речиси 680 населени места и задоволството кај граѓаните е многу големо и многу е логично да се очкува многу повеќе. Има уште што да работиме на локално ниво, генерално државата е средена со водоводи но треба да работиме на канализации, затоа што сме 21 век. Тоа како и изградбата на детски градинки, на училишта на паркови, на заштита на животната средина, сето ќе се приортетите на кои ќе се посветиме во следните четири години“ порача Заев.
Заев најави повеќе пари за општините од идната година за да можат да реализираат што повеќе проекти.
„Со новата фаза на децентрализацијата општините стануваат уште повлијателни и ќе бидат повеќе капацитетни да ги испорачаат очекувањата на граѓаните. Со тоа и со поддршката од централно ниво на Владата која е ориентирана про општините, дефинитивно ќе реализираме неколкукратно повеќе проекти што живот значат на локално ниво“ заклучи Заев.