26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шилегов: Реконструиравме градски 4улици и изградивме 4 нови булевари во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје денес беше во посета на Скопските општини Сарај, Ѓорче Петров и Центар каде што оствари повеќе средби со граѓаните. На своите сограѓани Шилегов им го честиташе 11 октомври – Денот на народното востание и 80 годишнината од овој настан со кој во 1941 година беа означени почетокот на народно-ослободителната војна и заокружувањето на раѓањето на македонската држава.

– Во одржување и реконструкција на уличната мрежа во населените места Глумово, Кондово, Љубин, Крушопек, Сарај и Рашче заедно со реконструкцијата на автобуски постојки во Свиларе и Рашче преку ЈП Улици и патишта инвестирани се околу 50 милиони денари. Инвестиравме во подобрување на водоводната и канализациската мрежа во висина од 5 милиони денари. Го реконструиравме средното училиште Сарај, а дополнително ја опремивме и новата спортска сала на ова училиште, посочи Шилегов во своето обраќање пред граѓаните во Сарај.

– Сите главни сообраќајни артерии во Ѓорче ги реконструиравме. Улиците Ѓорче Петров и 4 јули ги реконструиравме, а реконструкцијата на Лука Геров која е во тек ќе биде завршена до крајот на годинава. Во изградба и подобрување на водоводната и канализациската мрежа на Ѓорче Петров имаме вложено над 36 милиони денари. Во тек е целосна реконструкција на училиштето Кочо Рацин во вредност од над 52 милиони денари, а обезбедивме и прочистувачи за воздух во секоја училница. Подигнавме над 6.400 метри квадратни нови и реконструирани зелени површини со над 1000 нови садници, нагласи Шилегов во своето обраќање во Ѓорче Петров.

– Во следниот мандат, по изградбата на БРТ системот од Ѓорче до Ново Лисиче ќе се стигнува за околу 25 минути. Реконструкцијата на мостот Обединети Нации, новиот мост на Љубљанска продолжувањето и клучката на бул. Словенија, како и затворањето на северниот магистрален прстен иако не се територијата на Ѓорче, во голема мера движењето на жителите на Ѓорче кон другите скопски населби. Ревитализацијата на запоставени железнички станици во Ѓорче Петров, Волково, Скопје-Север, Транспортен центар, Маџари и Драчево ќе овозможат интегрирање на железницата во Скопје со јавниот градски превоз, додаде Шилегов.

– Ги реконструиравме булеварите Димитрија Чуповски, 11 октомври, Кочо Рацин, Крсте Петков Мисирков, како и улиците Лазар Личеновски, Бихаќка, Црниче, Никола Карев (кај Железничка) и Васил Ѓоргов. Пробивме нови велосипедски патеки и подигнавме нови зелени површини. Новиот парк Ибни Пајко и двата нови зелени покриви, оној на ГТЦ и оној на Домот на градежници, како и новиот памптрак полигон кај Олимписки, се наоѓаат на територија на Центар. Само во Центар подигнати се над 53.700 метри квадратни нови и реконструирани паркови површини, со засадени над 5.200 садници. Го реконструиравме Кејот 13 Ноември и плочникот на влезот на ГТЦ од страната на Плоштад. Во тек е реконструкцијата на Универзална сала, а наскоро почнуваме и со реконструкции на булеварите Кузман Јосифовски Питу и Митрополит Теодосиј Гологанов. Ги реконструиравме гимназиите Јосип Броз Тито и Раде Јовчевски Корчагин, како и средното медицинско училиште Д-р Панче Караѓозов. Обезбедивме прочистувачи за воздух за секоја училница, изјави Шилегов набројувајќи ги реализираните проекти во Општина Центар.

– Вие сте сила која е гаранција дека Скопје нема да запре, дека нема да назадува, вие сте гаранција дека ќе го градиме Скопје какво што вие сакате. Затоа е важно да излеземе на 17 октомври и да избереме континуитет за европско, уредно и зелено Скопје на среќни луѓе, заклучи Шилегов на крајот од своето обраќање пред граѓаните во Центар.