Centar.mk
danela arsovska
МАКЕДОНИЈА

СДСМ Скопје: Арсовска избега од дебата со Шилегов и потсети на едни темни времиња

РЕАКЦИЈА НА СДСМ СКОПЈЕ:

Данела Арсовска нема храброст да ги соочи аргументите со Петре Шилегов и повторно избега од дебата на телевизија. Ова потсетува на едни темни времиња кога дебатите ги немаше во медиумскиот простор благодарение на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.

Од што се плаши Арсовска?

Дали од фактот што нема никаква понуда и свесна е дека не може да се натпреварува или пак по диктат на нејзината партија таа бега од дебата? Ова ли е модерно Скопје во кое не се дебатира и се уназадува демократијата? Или пак таа е само маска на ВМРО-ДПМНЕ и партијата одлучува каде и како ќе се појави?
Повеќе од јасно е дека Арсовска е само пион на Мицкоски и Илија Димовски кој ја советува во кампањата. Бегањето од предизборно соочување потсетува на режимот и тоа скопјани силно ќе го казнат. Јасно е дека Арсовска не е ниту независна а уште помалку може да донесе некаква промена. Нејзините недемократски одлуки да се скрие од јавноста сè уште една потврда за скопјани дека со Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ нема напредок.

Скопје е лулка на демократијата и симбол на отпорот против режимот. Скопје ги препознава истите луѓе кои со исти недемократски методи сакаат да се вратат на власт. Затоа, Арсовска и менторот Мицкоски ќе бидат казнети на следните избори.

Можеби ќе ве интересира

Мирна новогодишна ноќ во Струмица

ДЕСК

30 годишна скопјанка нападната од друга женска личност пред познат локал во центарот на Скопје

ДЕСК

Групна тепачка во центарот на Скопје во која учествувале тројца скопјани и еден Германец

ДЕСК