25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Заев од Вевчани: Од Вевчани цела држава учи дека најдоброто значи гордост и пркос но и желба за напред

Колку чекори напред сме отишле во развојот на државата и на општините, а од доброто и подоброто следува Најдоброто – покажува тоа што денес никој не зборува за молк – бидејки е слобода, никој не зборува за режим – бидејки е демократија. Никој не зборува за отпуштања од работа – бидејки, дури и во време на пандемија, ние покачуваме плати и отвораме нови работни места. Имаме историски најниска невработеност од независноста на Македонија.

Покажавме на дело што значи да се работи со јасна идеја и јасен план за развојот за секој град, за секое село, за целата држава. Со децентрализацијата од идната година обезбедуваме повеќе приходи за општините, тоа се повеќе пари во општинските каси за да се инвестираат во улици и патишта, во канализациски и водоводни мрежи, за изградба на училишта, градинки и спортски сали, за проекти кои реално го унапредуваат животот на граѓаните во секоја општина.

Затоа сум овде, да ја побарам Вашата поддршка за уште еден градоначалнички мандат за вашиот и наш, успешен градоначалник и пред сѐ добар човек Сашо Јанкоски. Сашо има и елан и енергија и знаење да работи и сработи, ко покажа тоа и убеден сум дека Сашо, заедно со советниците предводени од носителот на советничката листа, Леон Парталкоски – успешен менаџер – ќе го донесат Најдоброто за Вевчани.

Нашата понуда, проектите што ги најавуваме – се сигурни и се реалност. На другата страна имаме магла – нејасни, конфузни најави за некакви проекти. Со оглед дека тие имаат намера да ги искомплицираат европските интеграции, односите со соседите, односите меѓу етничките заедници во нашата држава – наводните проекти на ВМРО-ДПМНЕ се неизвесни, бидејки иднината што ни ја најавуваат како „нова“ е крајно неизвесна И ОПАСНА!

Пред вас се проевропски кадри за градоначалници и советници кои носат СИГУРНОСТ И НАПРЕДОК. Успеавме државата да ја поставиме на патот на Напредокот и со тоа создадовме простор силно да се посветиме на општините за забрзан локален економски развој и напредок на секоја општина.