25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски од Шуто Оризари: Невработеноста со ВМРО-ДПМНЕ беше над 40%, со СДСМ е под 16

-Програмата ја составивме слушајќи ги вашите идеи и забелешки, само таа програма која произлегува од народот е најдобра програма. Четири години сме заедно со граѓаните, заедно го урнавме режимот и тргнавме по вистинскиот пат, влеговме во НАТО и затоа сме една од најбезбедните држави на Западен Балкан, спроведовме и успешен попис, немаме заробено судство и институции, немаме режимска влада, нема закани, треба да знаете дека никогаш во демократска и слободна држава не смее граѓаните да се плашат од владата, -рече потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовки на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Шуто Оризари.

-Имавме визија за едно општество за сите, и јас сум горд што многу сериозно го градиме и успеавме и да го одбраниме, овој концепт е за сите и за Македонците и за Албанците и Ромите и Србите и секој што живее овде, но оваа порака најсилно се шири од единствената ромска општина во светот, каде има соживот, еднаква грижа за сите граѓани, развој, посочи Спасовски.

Според него политиките на СДСМ  се за зголемување на животниот стандард, инфраструктурата за секоја општина и град, а  резултатите се видливи.

– Се чувствува напредок на државата, поставивме пример за демократско и отчетно трошење на парите, не ги трошиме на барок, галии и палми, не фрламе 700 милиони евра за споменици, градиме училишта, градинки, спортски сали, се она што е потреба на граѓаните. Вложувањето во образованието, здравството, социјалата, значи подобар живот за секој граѓанин.

-Ја зголемивме минималната плата од 9000 на 15.200 денари, минималната плата ќе биде минимум 300 евра, наредните години многу повеќе ќе растат и пензиите согласно просечната плата, секој граѓанин ќе добие подобар животен стандард, заклучи Спасовски.

Потсети дека платите растат и во здравството и во образованието и во полицијата.

-Невработеноста е на рекордно најниско ниво, во време на режимот беше над 40 отсто, денес е 15,9- рече Спасовски пред граѓаните.