26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Шилегов на “360 степени”: 26-годишната негрижа за градот ја сменивме со храбри одлуки и Скопје сега решава важни инфраструктурни проблеми

Барам уште еден мандат од скопјани за да не се сопре континуитетот на равојот на градот, истакна кандидатот за градоначалник на СДСМ, Петре Шилегов во дебатата на Алсат телевизија. Тој кажа дека изминативе четири години Скопје има нов правец и наместо за барок, статуи и лажна бронза сега градот се занимава со решавање на сериозни инфраструктурни прашања и додаде дека 26-годишната негрижа за градот сега е заменета со носење храбри одлуки.

-За четири години имаме нови четири булевари, два моста, десетици илјади нови садници, сериозна борба против загадувањето и замена на грејните тел со инвертери. Правиме сериозни стратешки нешта кои се плод на добро и темелно планирање, кажа Шилегов.

Тој додаде дека после 40 години со добро планирање и напорна работа е развиен нов сообраќаен систем и веќе е подготвена финансиската конструкција и треба да се започне со имплементација. 

-ЕБРД го прогласи најзелен проект што го финансирала последниве 25 години во рамките на „урбан транспорт“, вели Шилегов.

Според него направени се нови сообраќајни студии во однос на движењето на патниците во градот за определени точки кои биле невралгични по што биле спроведени тендерските постапки за проектирање на булеварите коишто сега се во фаза на реализација.

-Ако некој мисли дека треба да се скокаат етапи тогаш не мислам дека е доволно спремен за кандидатура за градоначалник, вели Шилегов.