Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

90 сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.10.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 90 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14, 8 санкции за непрописно престигнување и обиколување, 10 за возење без возачка дозвола, четири за минување на затворен семафор (црвено светло).

Изречени се и пет мерки за користење мобилен телефон, две за управување под дејство на алкохол, 36 мерки за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот на патиштата.

Можеби ќе ве интересира

АЛАРМ ЗА ВРЕМЕТО: Четврток носи пообилни врнежи и грмежи – објавена е четиридневна прогноза

ДЕСК

Ова е најновата вчерашна објава на Никола Груевски на социјалните мрежи, после тоа го нема

ДЕСК

ЗЕМЈОТРЕС ОД БУДИМПЕШТА: Идниот премиер најави дека ќе го испорача Никола Груевски во Македонија!

ДЕСК