Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Смилевски на МТВ: Новите ДУП-ови за Бутел ќе овозможат реализација на сите проекти на жителите

„Сите работи што ги ветивме во програмата во 2017 година се или завршени или веќе почнати и во процедура. Со носењето на осум ДУП-ови значајни за општината и уште 21 кои се во крајна процедура, овозможуваме сите проектите да бидат во фунцкција и да започнеме да ги реализираме“ кажа актуелниот и кандидат за градоначалник на Бутел од СДСМ и коалицијата, Велимир Смилевски на дебатата на МТВ.

„Во изминатите четири години реализиравме над 250 проекти значајни за граѓаните. Со носењето на новите детални урганистички планови ќе овозможат и сега и во иднина да се реализираат сите проекти неопходи за жителите“ кажа Смилевски.

Тој додаде дека во секоја населба и секое населено место се реализирани проекти и кажа дека е извршена целосна реконструкција на градинките и училиштата со енергетски ефикасни фасади, прозори и кровови.

Смилевски кажа дека во изминативе четири години не беше можно да се изгради поликлиниката во Бутел, бидејќи таа не беше предвидена во деталниот урбанистички план донесен претходно.

„Парите не беа проблем, Владата излезе и даде поддршка, проблемот беше од страната на општината. Немаше вцртано ни амбуланта, ни поликлиника на теротиријата на општина Бутел“ кажа Смилевски.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК