22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министерката Шахпаска во работна посета во Тирана, Албанија

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска од денеска е во дводневна работна посета на Тирана, Албанија. Во рамките на посетата министерката Шахпаска ќе има билатерална средба со Огрета Манастирлиу, министерката за здравство и социјални прашања на Албанија.

Министерката Шахпаска ќе учествува и на седмиот по ред Форум за поврзување, (Tirana Connectivity Forum), кој се одржува во Тирана.

Оваа година на Тиранскиот форум за поврзување, кој се одржува под мотото „Заедно градиме подобар Балкан“, ќе се дискутира за Економскиот и инвестициски план на Европската унија за земјите од Западен Балкан.

Министерката Шахпаска ќе учествува на панел дискусијата насловена „Што има за младите во Економско инвестицискиот план за Западен Балкан“, каде ќе ги презентира искуствата на Република Северна Македонија во дизајнирањето и имплементирањето на политики насочени кон подобра интеграција на младите на пазарот на труд, а особено ќе се осврне на нашите искуства како прва земја од регионот која ја воспостави и ја спроведува „Младинската гаранција“, по примерот и моделот развиен и применет во земјите од Европската унија.

Во панел дискусијата, покрај министерката Шахпаска, ќе учествуваат и Федерика Могерини, поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешни прашања и потпретседателка на Европската комисија.

Овогодинешниот Форум во Тирана е дел од официјалниот календар на настани во рамки на Словенечкото Претседателство со Европската унија.

Можеби ќе ве интересира

Премиерот Ковачевски во работна посета на Кралството Белгија и ЕУ

M T

Вицепремиерот Маричиќ во работна посета на Стразбур

M T

Костадиновска-Стојчевска во работна посета на институциите: Годинава повеќе средства за културата во Охрид

M T

Костадиновска-Стојчевска во работна посета на Крушево

M T

Шахпаска: После 40 години, децата од Кавадарци добиваат нова, современа и инклузивна детска градинка, со капацитет од 142 места

M T

Министрите Спасовски и Шахпаска на предновогодишно дружење со децата од Јавната установа за згрижување деца “25 Мај”

M T