12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ на 24: Ние водиме одговорна и сериозна политика за разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои добија печат заробена држава од ЕК

„Ние водиме одговорна и сериозна политика, за разлика од Влатко Ѓорчев и ВМРО-ДПМНЕ. Не ја држиме државата десет години во тунел, ние не го добивме печатот на заробена држава од Европската комисија. Ние не бевме и не сме скарани со сите соседи“ кажа министерот за правда Бојан Маричиќ во дебатата на „24 анализа“.

Тој додаде дека доколку некој е симбол за неодговорна политика и мисли дека националните интереси се градат со милионски споменици, тогаш тоа е ВМРО-ДПМНЕ.

„Во март минатата година добивме одлука за почеток на преговорите потврдена од сите 27 држави, каде и Бугарија ни даде поддршка. Следната фаза е одобрување на преговарачката рамка и прва меѓувладина конференција. Ние сме пред таа фаза, која не се случи поради тоа што Бугарија бара начин како билатералните прашања да ги наметне во таа преговарачка рамка“ рече Маричиќ.

Тој додаде дека земјава има четири последователни позитивни препораки од Европската комисија, за разлика од претходно кога за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ таа препорака беше замрзната.

„Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ не е во Скопје, туку е во Будимпешта. Командите ги добиваат од таму, кандидатите за локални избори ги добиваат од таму и сите насоки за политички постапки ги добиваат од таму“ рече Маричиќ.

Министерот додаде дека верува дека е возможно првата меѓувладина конференција да се одржи во декември и кажа дека тоа, сепак, не зависи од нас иако нашата влада вложува максимални напори за тоа, зачувувајќи ги националните интереси.

Можеби ќе ве интересира

Трагедија ја потресе попладнево Македонија: Загина едно лице, 18 годишно момче е тешко повредено при директен судир на две возила

ДЕСК

Синоптичарите со нови најави, следува пад на температурите – Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Митовски: Ќе ставиме крај на дивите депонии во Јурумлери, на нивно место ќе никнат паркови и игралишта

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.