Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Илиевски подели дресови на фудбалски клуб Клечовце

Денеска и покрај временските услови, кандидатот за градоначалник на Куманово, од редовите на СДСМ и Коалицијата, оствари средба со жителите од с. Клечовце.

„Убаво е да се слушне задоволството на жителите од Клечовце за тоа дека она што се јави овде како проблем, истиот беше решен. Како директор на АД Водостопанство моја обврска беше да се средат одводните канали и каналите за наводнување“- изјави Илиевски.

„Како Градоначалник минимум два пати годишно ќе ве посетувам, да ве слушнам, да ви обезбедам финансии, во соработка со централната власт да реализираме проекти за доброто за сите, да ги решиме сите горливи проблеми како канализација и улично осветлување и да продолжиме напред!“- потенцираше кандидатот.

На крајот од средбата, Илиевски во знак на благодарност за гостопримството и поддршката на фудбалскиот клуб Клечовце им подели дресови.

За фудбалски клуб Клечовце – дресови од Најдоброто!

Можеби ќе ве интересира

Напишал статус со говор на омраза на социјална мрежа, полицијата му затропа на врата

ДЕСК

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски, вели Кузеска

ДЕСК

Андоновски: Ќе потпишеме договор за прифаќање на електронските потписи меѓу Македонија и Црна Гора

ДЕСК