Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја политизира трагедијата, институциите покажаа капацитет да спроведат темелна и ефикасна истрага

Соопштение за јавност на СДСМ како реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ:

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја политизира трагедијата, институциите покажаа капацитет да спроведат темелна и ефикасна истрага

ВМРО-ДПМНЕ не престанува да ја политизира трагедијата и да ја злоупотребува несреќата на семејствата на починатите во тетовската модуларна болница во дневно политички цели.

Сите надлежни институции покажаа капацитет , стручност и подготвеност да спроведат ефикасна и темелна истрага за откривање на причините кои го предизвикаа пожарот во Тетово.

Наместо да ги остави институциите да работат независно и професионално, ВМРО-ДПМНЕ се уште се обидува да профитира врз оваа несреќа.

Тоа само зборува дека на неодговорната, антинародна партија предводена од Христијан Мицкоски осен политичкиот рејтинг ништо друго не и е битно.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ СИСТЕМ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК – Јаневска потврди дека се водат преговори

ДЕСК

ПРОТЕСТИ ПО УБИСТВОТО НА 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА – Вечерва собир во Богданци, во недела во Скопје

ДЕСК

УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ОСТАНУВААТ ОТВОРЕНО ПРАШАЊЕ – Мицкоски вели дека ставот на Владата не е променет

ДЕСК