14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Европската Унија со Заев е сè подалечна цел

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

„ЕУ со Заев е се подалечна цел, се што остана е сликата од авионот, лага до лага.

Зоран Заев 5 години е власт, а 3 години од фамозната фотографија од владиниот авион каде тој, Османи, Димитров и Анѓушев со кренати палци кажаа дека сме добиле датум. Три години датум ниту на повидок.

ЕУ е се подалечна со Заев.

Иако главно ветување на Заев беше дека Македонија ќе стане членка на ЕУ, тој целосно потфрли, и не само што не сме членка, ниту пак сме ги почнале преговорите, туку и државата е во најлоша состојба до сега.

По индикаторите за корупција и криминал Македонија е на врвот во регионот и Европа. Лошата слика за државата со Заев на чело стана наша лична карта.

Државата не може да оди напред со шверцери на дрога, местачи на тендери, криминалци и секакви бандити какви што има во власта.

Време е за промени, победи и проекти. А, по промените ВМРО-ДПМНЕ ќе ја стави државата на брза трака за влез во ЕУ“.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдено починато машко лице на ридот над германските гробишта во Битола

ДЕСК

Исчезнаа две деца во Скопје – едно на 13 годишна, друго на 16 годишна возраст

ДЕСК

СДСМ: Судир на интереси во ОИК Зелениково со цела фамилија на кандидатот за градоначалник на ДПМНЕ, ДИК да ги разреши

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.