Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Митева: Кога СДСМ и ДУИ не може да се договорат се тепаат низ центарот на Скопје

Кога СДСМ и ДУИ ќе се договорат за 14 изгорени луѓе од Тетово, сложно велат дека виновен е кабелот, кога не може да се договорат за бизниси, физички се пресметуваат во центарот на Скопје како што беше случај со Бислимоски и синот на Џафери, посочи на денешната прес-конференција Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.

„Загрижуваат постапките на насилство кои се случуваат во редовите на власта. Ваквиот чин на физичка пресметка ја покажува нервозата во редовите на власта и истата е срам за институциите“, рече Митева.

Таа потсети дека Марко Бислимоски е поранешен член на партиската комисија за енергетика во СДСМ, а Муса Џафери, чијшто син физички го нападна, е функционер во ДУИ.

„Ваквото дивеење среде главниот град е срам за државата. Обвинителство да ги повика, да кажат што делат или што множат двајцата од власта. Да се истражи не само чинот за физичка пресметка, туку и мотивите за истата“, побара портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +