Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Шекеринска од Ресен: Преспа од занемарен стана европски центар затоа што инвестираме во иднината, а не во стиропор

Во најтешките моменти за Преспа и Ресен луѓето знаеја дека одлуките што се носат на избори не се само одлуки од кампања од 20 дена, туку дека тоа се одлуки што не носат во наредните четири години, рече Радмила Шекеринска од партиската трибина на СДСМ во Ресен. Таа додаде дека коалицијата предводена од СДСМ покажува дека е најбогатата коалиција, со луѓе со различни искуства и од различни партии, обединети да го понудат најдоброто што го имаат.

-Преспа и Ресен тргнаа со многу проблеми, целиот регион беше комплетно занемарен, заборавен, а сега Преспа е најевропскиот регион во нашата држава. Нема европски претставник што не бил тука, а не рекол дека се чувствува духот на заедништво. Фондовите на ЕУ што локалната самоуправа ги користи се пари, шанса за решавање проблеми, но исто така фондовите се тука заслужени затоа што жителите на Ресен ги живеат европските вредности, кажа Шекеринска.

Таа истакна дека Владата и локалната самоуправа активно работеле заедно и затоа оваа силна динамика мора да продолжи.

-Презедовме обврска да не ги трошиме парите на барок и стропор, туку донесовме решение да ги инвестираме во граѓаните. Односно да ги покачиме за шест илјади денари минималната и просечната плата и

продолжуваме со политиката парите да се враќаат кај граѓаните. Заедно со порастот на платите решивме да се качуваат и пензиите и социјалната помош. 430 милиони евра насочивме кон земјоделците, а само со МојДДВ вративме 36 милиони евра директно кај граѓаните, потсети Шекеринска.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски го откри одговорот што сите го очекувавме – Колкав ќе биде прагот на толеранција за казнување преку камерите “Сејф сити”

ДЕСК

ПРВО ДОЖДЛИВО И СНЕЖНО ВРЕМЕ, А ПОТОА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ОКОВАНА ОД СТУД – Детална прогноза за она што не’ чека следните 4 дена

ДЕСК

Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

ДЕСК