Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски бил физички нападнат во центарот на Скопје

Поради одземање на лиценца на фирма која се занимава со снабдување со струја, физизчки е напраднат претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, од страна на синот на Муса Џафери, пренесува „Дојче веле“.

Претседателот на РКЕ, Бислимоски бил нападнат доцна синоќа во Скопје од страна на Аријанит Џафери, син на поранешен фунционер на ДУИ Муса Џафери и сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У Пауер“.

Претседателот на РКЕ седел во скопски ресторан а потоа Џафери му се придружил. Согласно очевидците, како што пишува „Дојче веле“, после неколку минути разговор, Џафери физички се пресметал со него. Требало да интервенира службата на Бислимоски.
Сведоци исто така изјавиле дека Џафери барал од Бислимовски да ја запре постапката за фирмата, а кога тој одбил, Џафери почнал да го удира по главата.

Можеби ќе ве интересира

ВЛАЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ДУВА И СИЛЕН ВЕТЕР: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Грабеж во центарот на Скопје: Малолетно девојче ограбено на автобуска постојка во најголемите гужви, арамија и’ го зело телефонот

ДЕСК

Серија физички пресметки низ угостителски и други места низ Скопје – во еден случај маж бил удиран со кундак од пиштол

ДЕСК