Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ Битола до ВМРО ДПМНЕ: Со стари, излитени, режимски кадри нова иднина не бидува!

Интегрален текст од изјава на Дејан Србиновски, портпарол на СДСМ Битола

Ниту молкот, ниту бегањето од јавноста ќе го спасат ДПМНЕ од пропаста што ги очекува. Со стари, излитени, режимски кадри нова иднина не бидува.

Кандидатот за градоначалник е поранешен директор на Центарот за јавно здравје во Битола. Го назначила Владата предводена од Никола Груевски. Ама, изгледа не бил само директор.

Коњановски втор ден не одговара дали одгледувал и 30-тина илјади цреши во атарот на село во Преспа, на државен имот, даден под концесија ?

Дали добивала субвенции фирмата што ја добила концесијата, а со која раководел негов близок роднина?

Дали дел од оваа фирма била продадена на лице од Арачиново, непосредно по промената на власта?

Груевски, Мицкоски, Талески, Коњановски се една иста матрица.

Режимски кадри кои не можат да донесат иднина за Битола !

Можеби ќе ве интересира

Попладнево трагедија ја потресе Македонија – Во сообраќајка кај Мирковци загина едно лице

ДЕСК

Важна вест вечерва пристигна од Министерството за надворешни работи до граѓаните кои се заглавени во Емиратите

ДЕСК

Сончево, па дожд – Метеоролозите со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК