26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Христо Кондовски: Во Битола во наредниот четиригодишен период нема да работат само оние, кои не сакаат да работат

Кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ во дебатата на МТВ истакна дека би ги сакал да го променам начинот на размислување на битолчани со кое би очекувале повеќе од локалната самоуправа.

„Јас во тој контекст ќе бидам градоначалник отворен и транспарентен, достапен за граѓаните. Јас сакам да бидам меѓу граѓаните и да ги слушам нивните потреби. Инститот „мој градоначаник“ ќе го воведам од првиот ден по назначувањето“, рече Кондовски.

Кондовски како што рече доаѓа од бизнис секторот каде води успешна компанија и сака и општината да ја менаџира успешно.

Тој нагласи дека во својата програма има предвидено соработка со европските фондови за влечење инвестиции. Меѓу другото рече тој, имаме предвидено формирање „конзулско село“, во феноменални објекти да ги донесеме сите конзуларни претставништва во Битола.

„Младите кои заминуваат од Битола може да ги задржи само вработувањето и повисоките плати. Тоа можеме да го постигнеме со локален економски развој. Јас гарантирам дека во Битола во наредниот четиригодишен период нема да работи само оној што не сака да работи“ дециден беше Кондовски.

Имено промената на ГУП-от и ДУП-овите ќе придонесат да се отвори бизнисот, затоа што Битола има многу потенцијал за инвестирање. Познато е дека има бизнисмени кои чекаат подготвени да инвестираат во градба на нови капацитети со кои ќе се содаваат нови работни места.

Слободната економска зона „Жабени“ смета кандидатот за градоначалник од СДСМ ќе донесе економски развој, и јас ќе ја поттикнам соработката на домашните инвеститори со низа олеснувања како и за странските.
Во план имаме отворање и технолошки парк кој ќе олеснува во отворање нови старт ап бизниси.