14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Герасимовски: Нема да дозволиме да се злоупотреби ниту една педа државното земјиште

„Општина Центар во изминатиот период особено по дивеењето на ВМРО-ДПМНЕ имаше сериозна борба за намалување на катноста, поголем број паркинзи и повеќе зелени површини“, рече Горан Герасимовски кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата во вчерашното гостување на Телма телевизија.

Прашан за селективност при носење на Мораториумот, Герасимовски потсети дека немало никаква селективност туку поради усогласеноста на ДУП-овите со ГУП-от, некои населби или дел од населбите воопшто и не биле подложни на Мораториум. Тој рече дека кога Уставниот суд го укинал Мораториумот инвеститорот кај Холидеј Ин регуларно ја извадил дозволата и си платил комуналии за зградата чија катност е намалена тројно во однос на првичните планови за градба.

Во програмата со која Герасимовски излегува пред граѓаните има решенија за дефицитарните паркинг места при што тој рече дека во најфреквентното место „Дебар Маало“ на местото на постоечката општинска зграда се планира нова каде ќе биде сместена и полицијата и нов паркинг простор за околу 300 возила под земја.

„Центар е главното централно јадро во градот каде што секојдневно имаме фреквенција на голем број на возила. Нормално е и да имаме и зголемен број на возила коишто се паркираат на сите паркинзи коишто се низ општината. Ги имаме детектирано сите точки. Најголем е проблемот со паркирањето, тоа е во делот на „Буњаковец“, „Дебар Маало“ и „Капиштец„ и за сите три локации имаме планирано како ќе ги решиме. Почнувајќи од улицата „Народен Фронт и продолжување на монтажниот паркинг до завршувањето на улицата каде што имаме 250 паркинг места. Потоа во делот на ПУИК каде има 296 паркинзи“, рече Герасимовски на Телма.

За намалување на фреквенцијата на возилата, тој рече дека набрзо следува и затворање на улицата „Боемска 2“ која ќе се претвори во пешачка зона. Друга пешачка зона се планира на  ул „Мирослав Крлежа“ која исто така ќе се претвори во пешачка зона.

Причината за ова рече Герасимовски е граѓаните на Центар да почнат повеќе да користат велосипеди или да одат пешки.

Спонзорирано: