Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Георгиевски од Гази Баба: Депонијата Вардариште ќе стане парк и шеталиште

Посветено работевме за секое населено место, неселективно ги решавмае проблемите кои ги наследивме во минатото, за поголема безбедност во соработка со МВР отворивме прва превентивна полициска станица овде и во сингелиќ, водоводни инсталации, улици, ја научивме лекцијата од 2016 за да не се повторат полавите од таа година, ја средуваме атмосферската канализацијарече Борис Георгиевски, сегашниот и иден градоначалник на општина Гази Баба на митингот во Стајковци.

Среќен сум бидејќи успеавме да решиме децениски проблем кои ги мачеше граѓаните од Стајковци до Раштак, а тоа е детска градинка, а сега градиме и спортска сала за младите, рече тој.

Георгиевски посочи дека  се засадени по шумите во населбата над 15.000 багремови садници, а денеска има нова водоводна мрежа, вода за секое домаќинство и решен е проблемот од сопствени извори со вода.

-Предвидуваме нов плоштад со мултифункционален парк со нова урбана опрема. Осветлување, изградба на спортско рекреативен во Црешево, спомен облежја за закинатите во поплавите од 2016. Над 2 милиони евра наследивме долг, општината беше оставена во 19 век, успеаве да вратиме долгови и да ја наполниме касата за нови проекти, советниците чие мнозинство е од ВМРО-ДПМНЕ постојано го блокираа буџетот, но заеднио со градоначалникот на Скопје Петре Шилегов докажавме дека Гази Баба е дел од градот, булевари и велоипедски патеки, градиме водоводи, а не водоскоци, градиме објекти, а не стиропори. Роден сум во Гази Баба и живеам во Стајковци, за мене секој човек е важен, токму затоа тука рамномерно се инвестира за животот на жителите да е подобар, 48 километри патишта булевари и улици, 3100 велосипедски патики и 9000 метри квадратни зеленило, рече тој.

Георгиевски најави дека депонијата Вардариште станува минато, а просторот е планиран за зеленило и патеки, четри нови градинки, спортски сали, проекти за секое мало, за секое населено место, за секој човек.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК