Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ се симболи за корупција

„Партијата на Данела Арсовска ВМРО-ДПМНЕ е одговорна за најкоруптивниот проект во историјата на Скопје – проектот „Скопје 2014“ за кој Груевски лажеше дека ќе чинел 80 милиони евра, за на крај да потроши околу 700 милиони евра на лажен барок!

„Белата Палата“ во која ги пишуваат пресовите на Арсовска е симбол на корупцијата, криминалот и непотизмот во Скопје – уништувач на модерно Скопје. И врапчињата на покривите знаат дека изборната кампања на Арсовска е финансирана од криминалната бела палата на ВМРО-ДПМНЕ.

Данела Арсовска е исто така симбол на корупција – токму на нејзин предлог урбаниот мафијаш Сеад Кочан е изгласан за нејзин заменик-претседател на Сојуз на стопански комори.

Данела Арсовска досега нема спомнато ниту збор за коруптивните зделки на нејзиниот заменик Сеад Кочан и за коруптивните злодела на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа, никој не и верува на Данела Арсовска дека ќе се бори против корупцијата, која царува во белата палата со велелепни лустери, црвени теписи, со махагони“.

Соопштение на Градска Организација на СДСМ

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Со Мицкоски, има драматичен пад на странските инвестиции за 729 милиони евра!

C +

Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток

C +

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

C +