Centar.mk
МОЗАИК

Мајмун израдувал случајни минувачи во Индија – фрлал пари качен на дрво

За време на викендот пари почнале да паѓаат од гранките на дрвјата во град во индиската држава Мадја Прадеш, а сето тоа се случило откако мајмун од еден човек украл сноп од банкноти во вредност од околу илјада евра.

Мајмунот украл пари од човекот кој се возел во рикша со уште две лица.

Патниците се нашле во сообраќаен метеж и излегле од возилото со три тркала за да видат што го предизвикува доцнењето.

Дивиот мајмун притоа видел можност да го земе снопчето со банкноти завиткани во крпа, а откако го сторил тоа, побегнал пред некој да го забележи и спречи.

Потоа се качил на дрво и го затресол крпчето, по што на патот започнале да паѓаат банкноти, кои локалните жители побрзале да ги соберат.

И покрај очајните обиди на сопствениците да си ги соберат парите, речиси половина од износот бил подигнат од други.

Според полицијата, тие не биле во можност да ги идентификуваат луѓето што ги зеле парите, бидејќи во таа област не се поставени безбедносни камери.

Исто така, се наведува дека не може да се поднесе официјална жалба бидејќи единствениот идентификуван крадец бил мајмунот.

Вакви инциденти со мајмуни не се невообичаени во Индија, а мајмуните често доаѓаат во таа област бидејќи локалните жители постојано им нудат храна.

Можеби ќе ве интересира

Февруари носи пресврт за Вагите по две години искушенија и несреќи: Судбината конечно им враќа со добро

ДЕСК

Доаѓаат пари за четири хороскопски знаци во втората половина од јануари – работите конечно тргнуваат на подобро

ДЕСК

Дневен хороскоп за 13-ти јануари – Судбоносен ден за три хороскопски знаци: Проверете дали сте меѓу нив

ДЕСК