27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Ивица Димитров од Виница: Ние веќе го изградивме она што опозицијата го нуди

„За мене дадениот збор е обврска и затоа она што го ветив заедно со мојот тим ги решивме приоритетите кои ги бараа граѓаните“, рече градоначалникот на Виница и кандидат за уште еден мандат од редовите на СДСМ Ивица Димитров.

Говорејќи пред своите сограѓани Димитров потсети дека во тој дух, проектите еден по еден се реализираа, а со тоа се врати и довербата на граѓаниите на Виница.
„Потврда и факт дека Виница е пристјно место за живеење се и двестоте проекти содржани во 80те страници од отчетот за мојата 4 годишна работа“, нагласи Димитров.
Говорејќи за сработеното кандидатот за градоначалник потсети дека во изминатиот период поставени се 44 км асфалтни патишта, изградена е нова спортска сала во ОУ Славчо Стојменски, социјална станбена зграда за 36 социјално загрозени семејства, нова филтер станица, ренонвиран интернатот за деца со посебни потреби во село Блатец кој догодина ќе стане старски дом, донесени сеи нови урбанистички планови, а нови се носат.

Регулирано е коритото на Градечка река, нови водоводни линии и сето тоа се во вкупна вредност од десет милини евра.

„Почитувани граѓани ние градиме темелно, тие со прамашени проекти.

Овие реални факти ги оспоруват сите лаги и клевети на опозицијата. Мојот против кандидат нема појма дека прокетите кои тој ги најавува, веќе се реализирани“, рече Димитров.

И за наредниот период тој најави програма која како што рече сигурно ќе биде реализирана со пректи за сите целни групи.

Меѓу повеќето тој ги наброја, дислокација на депонијата, нов пат од Треибно до Голак, кружен тек во Виница, нова автобуска станица, нов булевар, детски игралишта, нова трибина на градскиот стадион, веслосипедски патеки и зголемена хигиена на градот.

Особено е важно што ќе ја зголемиме сорабоотката со бизнис секторот и нвестициите и во образованието, заклучи кандиатот за градоначалник на СДСМ Ивица Димитров.