11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски од Илинден: ВМРО-ДПМНЕ ја остави периферијата на Скопје нечепната, затоа зборуваме за комунална инфраструкура, наместо за еконоски раст

„Граѓаните на општина Илинден најдобро може да ја видат разликата. ВМРО-ДПМНЕ ја остави периферијата на Скопје нечепната и затоа во 12 села во општина Илинден денес нема комунална инфраструктура, канализациона мрежа, а во центарот на Скопје се потрошија 700 милиони евра на Скопје 2014“ кажа потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски на трибината „Најдоборот за мојата општина“ во Илинден.

Тој додаде дека нашите градови и села останаа без основната инфраструктура, бидејќи тие 700 милиони евра завршија во барок, во стиропор, во жални врби, палми, споменици и галии наместо во водоводни и канализациони мрежи и локални патишта.

„Ако се инвестираше паметно сега ќе разговаравме како уште повеќе општината економски да расте, како да ја градиме како еколошка општина и како да го подобруваме животот на граѓаните. Наместо градинки, училишта и болници тие градеа партиски музеи и партиски плоштади“ рече Спасовски.

Тој кажа дека граѓаните на Илинден може да ја направат разликата и ги повика на 17 октомври масовно да гласаат за промени во оваа општина.

Спонзорирано: