„Како локална власт во текот на изминатите две и пол години реализиравме низа крупни инфраструктурни проекти кои што беа ветувани со години. Граѓаните на Охрид знаат кои се тие проекти и секојдневно го гледаат резултатот на нашата работа“, ова го истакна Кандидатот за градоначалник на Општина Охрид, Константин Георгиески во вечершното гостување на дебатната емисија „Локални избори 2021“ на МРТ 1, на прашањето „Зошто ја повторно ја бара довербата на Охриѓани“.
Георгиески објасни дека во неговата предизборна програма нуди нови проекти, а дел од нив се на прагот на реализација и нивниот почеток е прашање на денови.
– Нашата основна визија за Охрид е „365 дена дестинација, 365 дена можности за сите“ и се состои од 5 главни постулати, главни суштински проекти кои што се зацртани во нашата програма. Тоа се „Плажи по мерка на граѓаните и во склад со природата“, „Урбана култура“ каде што го враќаме сјајот на охридската чаршија, плоштадот „Чинар“, „Охрид на клик“, „Децата се нашата иднина“ и „Зелена оаза“, најави Георгиески.