Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ненад Коциќ од Велес: „Никогаш повеќе режим, никогаш повеќе груевизам“

„Нашиот Велес беше една од најголемите жртви од периодот на транзицијата кога голем број фирми беа затворени, а мнногу работниции беа оставени на улица.
Но исто така беше жртва и на груевизмот кој ги задолжи општините и ја урниса целата локална самоуправа. Од тука сакам да истпарат порака, никогаш повеќе режим, никогаш повеќе груевизам. Со овие зборови кандидатот за градоначалник на Велес од СДСМ Ненад Коциќ ја започна промоцијата на својата програма.
Тој како што реше заедно со својот тим ја подготвиле најдобрата програма за Велес. Програма што гарантира развој, нови инвестиции, нови работни места.
Ќе доминираат проекти од комуналната сфера, од инфраструктура, патна мрежа, како и од заштита на животната средина, истакна Коциќ.
„Од вас мои сограѓани ја барам довербата да тргнеме со Велес кон посветла иднина како урбата и модерна општина“, повика кандидатот за градоначалник на Велес од СДСМ.
Ненад Коциќ најави дека како дел од програмата планира одделение за подршка на бизнис секторот и борна против корупцијата.
На крајот порача дека тој заедно со советниците стојат зад секој напишан збор во програмата дека ќе биде спроведена.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +