Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Само со СДСМ е сигурен развојот на општините и напредокот на државата

Интегрално обраќање на Бојан Маричиќ од СДСМ на синоќешниот митинг во Битола:

Добровечер Битола,

Во втората изборна единица СДСМ со својата понуда е фаворит и сигурен победник на овие локални избори.

Во втората изборна единица одиме на победа во Куманово со Оливер, во Арачиново со Миликие, во Старо Нагоричане со Жаклина во Чучер Сандево со Сашко, а во општина Липково одиме со најдобра понуда на советнички листи.

Огромен дел од општините во нашата земја во изминатите четири години беа во рацете на кадри од СДСМ. Се работеше вредно и напорно, во целосна координираност со централната власт.

Таа силна динамика мора да продолжи и ќе продолжи и по овие локални избори.

Само со СДСМ е сигурен развојот на општините, само со СДСМ е сигурен напредокот на државата и дома и надвор.

Понудата на СДСМ е понуда за стабилни општини и сигурна држава.

Можеби ќе ве интересира

Херои на денот: Екипите на Електродистрибуција спасија маче од електричен столб! (ВИДЕО)

C +

Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“

C +

Српските медиуми објавија дека Даниел Кајмакоски бил киднапиран во Белград

C +